Холандија се пласираше во осминафиналето на ЕУРО 2020 по 2:0 победата над Австрија, резултат кој дефинитивно ги заврши и теоретските шанси на Македонија за пласман пред последното коло во групата Ц.
На „Јохан Кројф арената“ во Амстердам, Холандија стигна до рано водство уште во 11. минута, кога Давид Алаба го собори Дензел Дамфрис во шестнаесетникот, а Мемфис Депај беше сигурен од белата точка, во само втор прецизен пенал од шест досудени на ЕУРО 2020 досега.
Холанѓаните имаа повеќе од играта во текот на првото полувреме, а самиот Депај имаше уште една одлична шанса која не ја искористи, пред самиот Дамфрис да зголеми на 2:0 во 67. минута од мечот.
Холандија сега ја очекува дуелот со Македонија во понеделник (18.00), додека Австријците играат со Украина.
(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1686-26542”));
> Холанѓаните ја „решија“ Австрија и ја потврдија елиминацијата на Македонија <