Утрински Весник
Македонија

Посебен сообраќаен режим за верскиот празник Задушница во главниот град

Посебен сообраќаен режим за верскиот празник Задушница во главниот град

Поради верскиот празник Задушница на 18.06. и 19.06.2021 (петок и сабота) во периодот од 06.00 до 16.00 часот на гробиштата во Бутел, Камник и во Ѓорче Петров, каде се очекува зголемен интензитет на сообраќајот, од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот во посочените реони.

МВР ги информира граѓаните дека сообраќајот ќе се одвива во една насока (кружно) односно сите возила ќе се упатуваат по улица „Александар Урдаревски“, во продолжение по локален пат за с.Мирковци, до влезот за гробиштата на ул.„Боца Иванова“ и излегување на ул.„Александар Урдаревски“.

По потреба сообраќајот ќе биде пренасочен и на гробишта Ѓорче Петров по ул.„Црногорска“, а на гробиштата „Камник“ по ул.„Јужноморавски бригади“ и ул.„Роман Каскалиевиќ“.

МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Можете да прочитате

СДСМ: Седнале ВМРО со нивните сателити од Левица да се договараат за изборни криминали  – тоа нема да го дозволиме

Шасивари: Втора шанса за Изборниот законик – очекувам СДСМ да се приклучи на следниот состанок на работната група

Крмов: СДСМ бега од разговор за Изборниот законик – Левица е за една изборна единица и фер третман за изборната кампања