Утрински Весник
Спорт

Надал се повлече од Вимблдон и ОИ во Токио

Барса на Меси му нуди 10-годишен договор
Dik 300x250 mk

Рафаел Надал потврди дека нема да настапи на Вимблдон и на Олимписките игри во Токио. Шпанецот, денес го потврди она што го најави, по елиминацијата од Новак Ѓоковиќ, во полу-финалето на Ролан Гарос.

„Здраво на сите, решив оваа година да не учествувам на Вилблдон и на Олимписките игри. Никогаш не е лесно да се донесе ваква одлука, но откако го „слушнав“ своето тело и разговарав со мојот тим, ми стана јасно дека донесов вистинска одлука“, напишал Надал на социјалните мрежи и дополнил.

„Целта е да ја продолжам својата кариера и да продолжам да го работам она што ме прави среќен, а тоа е да се натпреварувам и да се борам за личните и професионалните цели“.

Паузата од само две недели помеѓу Ролан Гарос и Вимблдон, најмногу влијаела врз одлуката на Надал да се откаже од неофицијалното светско првенство во тенис.

Надал во кариерата има две титули на Вилблдон (2008, 2010), има златен медал во сингл на ОИ во 2008 година, а со Марк Лопез има златен медал во дубл на ОИ во 2016 година.

> Надал се повлече од Вимблдон и ОИ во Токио <

Можете да прочитате

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен