Утрински Весник
Магазин

Анџелина Џоли повторно „уловена“ како влегува во зградата на првиот сопруг

Анџелина Џоли повторно „уловена“ како влегува во зградата на првиот сопруг

Дали е на повидок уште една обновена романса што ќе го затресе Холивуд?

Папараците повторно ја уловија Анџелина Џоли како влегува во зградата на поранешниот сопруг Џони Ли Милер. Таа беше забележана како се враќа во станот на Милер во Бруклин, Њујорк, во вторникот вечерта, по вторпат последниве неколку дена.

За време на втората посета, на актерката (46) ѝ се придружи и нејзиниот 17-годишен син Пакс.

Џоли претходно беше во станот на Милер во петокот на 11 јуни, како што објави „Пејџ сикс“ следниот ден, додавајќи дека ова се случува откако Бред Пит неодамна го доби заедничкото старателство над нивните шест деца по долга и мачна судска битка.

Таа беше уловена од папараците во петокот вечерта додека влегува во зградата во Бруклин, каде што се наоѓа станот на нејзиниот прв сопруг, со шише вино во рацете. Во станот, наводно, останала околу три часа.

Џоли и Милер се запознаа во 1995 година на снимање на Hackers . Се венчаа во 1996 година по само шест месеци врска. Џоли (46) тогаш имаше само 20 години. Бракот траеше кратко, тие се разведоа во 1999 година.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста