Утрински Весник
Македонија

Од Гостивар се жалат: Oпштината не добива државни пари зошто е водена од албанската опозиција

Од Гостивар се жалат: Oпштината не добива државни пари зошто е водена од албанската опозиција

Од 9,9 милиони евра средства за реализација на инфраструктурни проекти од програмата ТАВ-Македонија, Гостивар не доби ниту денар, се жалат локалните власти од оваа општина.

Според нив, иако Владата се обврзала да работи за правичен регионален развој, на терен работи поинаку.

„Со 9,9 милиони евра ќе се финансира изградба на водоводни мрежи, канализација, реконструкција на патишта и образовни институции. Иако Гостивар се натпреваруваше со повеќе проекти, никој од нив не беше прифатен од Владата“, појаснуваат од општината.

Според локалните власти, со овој гест, централната власт сака да го направи Гостивар лош во пресрет на локалните избори во смисла дека во, како што велат, единствената урбана општина предводена од албанската опозиција, недостасуваат инвестиции.

„Гостиварци не сакаат асфалт, водовод и предизборна канализација, бидејќи сите нивни потреби и покрај препреките од Владата се задоволени. Успешно го лансиравме и со тоа го завршивме четиригодишниот мандат. Подготвени сме со гостиварци и ќе освоиме уште еден успешен мандат“, псочуваат од локалната самоуправа предводена од градоначалникот Арбен Таравари.

Можете да прочитате

Поплава од македонски знамиња на профилите на функционерите од СДСМ

ЦУК: На бројот 112 во изминатото деноноќие 1697 повици, се гаселе девет пожари на отворен простор

Јавното обвинителство презема дејствија за расчистување на настанот со сквернавењето на македонското знаме