Утрински Весник
Спорт

Погба: Покажавме дека треба да се плашат од нас

Погба: Покажавме дека треба да се плашат од нас

Актуелните светски шампиони, репрезентативците на Франција, со победа стартуваа на ЕУРО 2020. Франција, во првото коло во Ф-групата, ја победи Германија со 1:0.

Најголемите фаворити за првото место, ја демонстрираа својата моќ, тактички одиграа совршен натпревар. Еден од најдобрите на теренот беше Пол Погба.

„На сите им е јасно што значи првиот меч на турнирот. Тоа е дуел кој ви дава темпо за целиот турнир. Беше тешко, но на крајот мислам дека на нашите ривали им покажавме дека треба да се плашат од нас“, рекол Погба.

Франција, во второто коло, ќе игра против Унгарија. Натпреварот се игра во сабота на 19.јуни.

> Погба: Покажавме дека треба да се плашат од нас <

Можете да прочитате

ФИФА планира Мундијал со 66 репрезентации

Билети за натпреварот Босна и Херцеговина – Македонија достапни преку платформата на ФФМ

Дисциплинска постапка против ФК Шкендија по инцидентите во финалето од Купот на Македонија