ПО ПРИМЕРОТ НА ВУЧИЌ, ЗА ДА ЦАЦКО ПОВТОРНО НЕ НИ БИДЕ КРИВ. (Се рабира доколку не е предоцна)
Она што го прави претседателот Вучиќ и министерот Вулин во Србија треба да биде пример како се расчистува со организираниот криминал и со мафијата.
Потребно е конечно да се прекине спрегата мафија-политичари. Мафијата не смее да има своја држава. Се додека не се прекине оваа спрега и драстично не се смали корупцијата и криминалот се дотогаш нема да имаме држава во вистинска смисла на зборот. За жал за сиве овие години на чело на државата, посебно на чело на Владата, Министерството за внатрешни работи и Јавното Обвинителство не видовме такви храбри, одлучни и чесни луѓе.
А знате ли зошто?
• Затоа што на позиција доаѓаат лидери и партиски активисти кои се ненајадени и ненапиени, затоа што доаѓаат на функција лично да се збогатат, а не да ја спасуваат државата.
• Затоа што нашиот народ повеќе ги ,,сака” (читаи – ги гласа) оние кои лажат, крадат, мамат, оние кои не виделе и не научиле ништо во животот.
• Затоа што на партиските слепи послушници полесно им е да им служат и прислужуваат на лидерите на партиите отколку на државата и тоа исклучиво само поради некое ветено бедно вработување или државна позиција која носи многу бенефити во однос на тоа што го имале претходно. А претходно немале речиси ништо. Биле голтари во вистинска смисла на зборот
• Затоа што……..
И кога ќе стапат на функција, при рака им е се. Имаат дури и ,,млеко од пиле”. Овие новоустоличени функционери мошне брзо со голема сласт и страст започнуваат да јадат (,,дебело се омрсуваат”) и од раката на криминалците.
Никако да се свестат дека за кратко време стануваат само обична ,,гума за џвакање – (мастика), на која откако ке и го ,,исцицаат шеќерот” ке биде исплукана во првата корпа за смет.
Тоа најдобро го знаат оние (засега малкумина) кои се на робија или пак чекаат да одробијаат додека нивните шефови си ,,лежат” врз парите украдени од нас граѓаните, а оние на власт ко божем ги гонат овие првите. Филозофијата им е ,,ако ние ги гиниме, ке не гонат и тие нас”.
И така за жал скоро цели 30 години. Мафијата рутински си продолжува со воспоставениот возен ред, Повторно чека нова гарнитура ненајадени и неизживеани функционерчиња на кои побитни им се ,,зелените шушки” отколку државата.
За жал така беше, така и остана. И после Цацко ни е крив.