Утрински Весник
Македонија

29 новозаразени со коронавирус, нема починати

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 311 пациенти

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.887 тестирања, а регистрирани се 29 нови случаи на Ковид-19 од Скопје – 9, Кичево – 5, Куманово и Тетово по 4, Прилеп и Охрид по 2 и по еден случај во Штип и Струмица.

Во изминатото деноноќие нема починати лица, а регистрирани се 34 оздравени пациенти од Скопје – 18, Прилеп – 4, Куманово и Тетово по 3, Битола – 2 и по еден оздравен во Кичево, Гевгелија, Свети Николе и Делчево.

Досега во земјата се направени вкупно 838.323 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 155.568, бројката на оздравени пациенти е 149.676, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 420.

Можете да прочитате

Мицкоски: За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40% повисока плата

Силен ладен циклон од Џенова ни носи обилни врнежи, заладување и снег

Мицкоски:  Очекувам новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор, како се судеа луѓе за тероризам и се делеа бонуси во СЈО