Утрински Весник
Свет

Германија досега издала пет милиони потврди за вакцинација

Германија досега издала пет милиони потврди за вакцинација
Dik 300x250 mk

Германскиот министер за здравство соопшти дека Германија издала пет милиони сертификати за вакцинација, кои се дизајнирани да бидат дел од системот на дигитални пропусници во цела Европска Унија.

Германија почна да издава сертификати кон крајот на минатата недела, потсетува агенцијата АП.

Аптеките во целата земја почнаа да им издаваат сертификати на лицата што се целосно вакцинирани и досега имаа само аналогни докази, а сертификатите може да се издадат и на самото место во големите центри за вакцинација.

Германските власти велат дека патниците на европските граници веќе ги користеле сертификатите без никаков проблем.

Досега 22,3 милиона луѓе во Германија се целосно вакцинирани, што е 26,8 проценти од вкупното население.

Можете да прочитате

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа

Покровск пред пад, се водат улични борби, Украинците се опколени

Централните банки купија 39 тони злато во септември