Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Костадинов го премолчува предавството на Заев и не кажува што се преговара со Бугарија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е без почеток на преговори, политиката на Заев доживеа дебакл

Костадин Костадинов и СДСМ продолжуваат слепо да го следат Зоран Заев во распродавањето на националните интереси, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, откако портпаролот на владејачката партија денеска обвини дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски целосно се загубиле во деструктивноста.

Од опозициската партија прашуваат зошто СДСМ и двоецот Заев, Бучковски молчат и на одговараат дали во преговорите со Бугарија е ставена бугарската декларација како основа на новиот анекс.

„Зошто бегаат од одговорот дали историскиот континуитет на македонскиот јазик и народ се дел од преговорите со Бугарија? Дали подготвуваат ретуширање на историјата, газење на антифашистичката борба на македонскиот народ и асномските идеали на кои е градена Македонија?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според оваа партија, Заев е подготвен на секакви концесии и отстапки за да зачува власт, бидејќи, како што велат, се чувствува заштитен од одговорност за својот криминал.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт