Утрински Весник
Магазин

Синот на кралицата принцот Ендру ѝ подари кученце

Синот на кралицата принцот Ендру ѝ подари кученце

Британската монархиња, наводно, добила ново домашно милениче од својот син, принцот Ендру, и неговите ќерки, принцезите Беатрис и Евгенија.

Шестнеделното кутре, велшки корги – нејзина омилена раса на кучиња – сè уште нема име, но извор открива дека кралицата е воодушевена од доаѓањето на корги, „совршен придружник“ на нејзиното постоечко кутре Муик.

Весникот „Сан он сандеј“ цитира извор кој вели: Кралицата поминува многу време со новото кученце и таа е апсолутно воодушевена што има ново корги. Таа беше вознемирена кога едно од кутрињата ненадејно умре (Фергус), но ова ново куче ќе биде совршено друштво за Муик.

Во меѓувреме, Дарен Мекгрејди, кој 15 години работеше како готвач во Бакингемската палата, претходно откри дека коргите на кралицата имаат свое специјално мени за храна.

“Не очекував да готвам за кучиња на кралицата кога почнав да работам во Бакингемската палата. Мислев дека ќе готвам за кралеви, кралици и претседатели. На крајот така и беше, но една од првите работни задачи ми беше готвење за корги, кралските корги. Им подготвував свежа храна секој ден. Коргите имаа свое мени,“ рече тој.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста