Утрински Весник
Спорт

Украинската федерација го прогласи „Слава на хероите“ за официјален слоган

Украинската федерација го прогласи „Слава на хероите“ за официјален слоган

Украинската фудбалска федерација во петокот објави дека контроверзната парола „Слава на хероите“ е официјален слоган на фудбалската федерација, иако УЕФА претходно нареди отстранување на паролата од нивниот дрес пред Европското првенство.

УЕФА во четвртокот потврди дека може да се заддржи мапата на Украина со Крим на дресот, како и паролата „Слава на Украина“, но дека „Слава на хероите“, фраза од Втората светска војна е „милитаристичка“ и мора да се острани.

Андриј Павелко, претседателот на Украинската фудбалска федерација замина на разговори со УЕФА во Рим, и на Фејсбук потврди дека 45-те члена на Управниот одбор на федерацијата ги одобриле слоганите „Слава на Украина“ и „Слава на хероите“ како официјални национални фудбалски симболи.

Украина мора да ги тргне политичките пароли од дресовите

> Украинската федерација го прогласи „Слава на хероите“ за официјален слоган <

Можете да прочитате

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија

Барселона против Реал до 29. шампионски трофеј во Шпанија

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија