Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Потклекнаа на владиниот притисок – Шкотланѓаните ќе клекнат пред мечот со Англија

Барса на Меси му нуди 10-годишен договор
Img 7972

Шкотската фудбалска репрезентација ќе се приклучи на англиската со клекнување на „Вембли“ пред нивниот меѓусебен меч на ЕУРО 2020, откако ја сменија првичната одлука по изјавата на британскиот премиер Борис Џонсон.

Селекторот Стив Кларк и капитенот Енди Робертсон во четвртокот објавија дека тие ќе оддадат почит на борбата против расизмот стоејќи, како што правеа досега, бидејќи клечењето станало „разводнето“, но откако англиските фудбалери беа исвиркани на двата пријателски мечеви пред ЕУРО, Шкотланѓаните се предомислиле.

„Нашата позиција беше, и останвуа иста, дека фокусот треба да е на значајна промена во борбата против дискриминацијата во фудбалот и општеството. Во Шкотска, фудбалското семејство стои против расизмот цела сезона и сметавме дека репрезентацијата треба да го прави истото. Но, јасно е дека по тоа што се случуваше со Англичаните, потребно е да клекнеме во знак на солидарност“, изјави Робертсон.

Оваа одлука исто така доаѓа по барањето на британскиот премиер Борис Џонсон од фановите да престанат да ги свиркаат фудбалерите кои клечат.

Досега, покрај Англичаните, со клечење својата поддршка ќе ја дадат само репрезентациите на Велс, Данска, Финска и Белгија, но и нашиот прв противник на ЕУРО 2020, Австрија во знак на солидарност со Англичаните.

> Потклекнаа на владиниот притисок – Шкотланѓаните ќе клекнат пред мечот со Англија <

Можете да прочитате

Младата репрезентација ја совлада Ерменија во евроквалификациите

Првенствените натпревари во фудбал се одложуваат поради Локални избори 2025

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер