Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Матурантите го полагаат вториот екстерен испит

Државна матура ќе полагаат 15.294 матуранти
Img 7972

Матурантите денеска од 10 часот ќе го полагаат вториот екстерен испит.

Гимназијалците и оние од стручното образование, избираа помеѓу предметите математика и странски јазик, додека за уметничките училишта странски јазик е во алтернација со филозофија и естетика.

Според податоците на Државниот испитен центар, тест по математика избрале 1529 кандидати. Најголем број ученици, 13.452, се пријавиле за англиски јазик, германски ќе полагаат 140 матуранти, француски јазик 32 и руски јазик 18.

 

Претходно во саботата, матурантите го полагаа првиот екстерен испит – мајчин јазик, што беше задолжителен за сите 15.294 пријавени матуранти. Од нив, македонски јазик и литература полагаа 10.848 ученици, албански јазик и литература 4078, и турски јазик и литература 272.

Од вкупно пријавените над 15.000 кандидати, 7.050 се од гимназиско образование, 7.983 од средно стручно образование и 261 од средно уметничко образование.

Резултатите од испите ќе бидат објавени на почетокот на јули.

Можете да прочитате

Наставничка удрила ученик во училница – Скандал во Крушево, родителите во шок, полицијата истражува

Кумановец измамен за 1,1 милион денари при купување градежни машини

Емотивна порака од родителите на жртвите од трагедијата во „Пулс“: Панчо, пренеси им поздрав на нашите ангели