Утрински Весник
Македонија

МНР: Протерувањето на македонскиот дипломат од Русија е политичка одмазда

МНР ги советува македонските граѓани да не патуваат во Израел

Министерството за надворешни работи смета дека протерувањето на македонски дипломат од Москва е неоснован потег и дека станува збор за политичка одмазда која негативно ќе влијае на односите меѓу двете земји.

„Министерството за надворешни работи искажува жалење за овој неоснован потег на руската страна, кој претставува политичка одлука базирана единствено на начелото на политичка освета, и која со тоа негативно ќе влијае на интензитетот на билатералните односи меѓу двете земји“, велат од МНР.

Оливера Чаушевска- Димовска, вработена во македонската амбасада, денеска била повикана во Министерството за надворешни работи на Русија каде што ѝ била врачена Нота за прогласување на персона нон грата.

Можете да прочитате

ОЈО поднесе обвинение за кражба на кабли од кругот на скопска „Железара“

Деветти ден штрајк со глад, Јанков повторно хоспитализиран

Радио Слободна Европа го гаси македонскиот сервис по 25 години работа