Утрински Весник
Спорт

Јунајтед од Атлетико (М) носат „дете на Сити“

Јунајтед од Атлетико (М) носат „дете на Сити“

Десниот бек на Атлетико Мадрид, Киран Трипие би можело да го засили тимот на Манчестер Јунајтед.

Информациите кои се појавија на Островот, се дека „црвените ѓаволи“ веќе започнале преговори со фудбалерот кој летово ќе има настап на ЕП со „Гордиот албион“.

Првичната цифра која се споменува е 10 милиони евра, но претпоставките се дека таа ќе биде одбиена.

Јунајтед во Трипие не само што гледа замена за Ван Бисака, туку и негова конкуренција во стартниот состав на Оле Гунар Солскјер.

Интересен е податокот дека поранешниот играч на Тотенхем и на Барнли дури 13 години поминал во младинските категории на Манчестер Сити.

> Јунајтед од Атлетико (М) носат „дете на Сити“ <

Можете да прочитате

Ѓорческа поразена од Анисимова – 24info.mk

Вечерва Норвешка и БСК за 1/8 финале и дуел против Бразил

Во Парагвај денеска е неработен ден по сензационалната победа над Германија