Утрински Весник
Спорт

Фудбалерите отпатуваа за Букурешт – Македонија во недела ќе игра против Австрија

Фудбалерите отпатуваа за Букурешт – Македонија во недела ќе игра против Австрија

Фудбалската репрезентација на Македонија отпатува за Букурешт, каде ќе учествува на Европското првенство.

На аеродромот во Скопје, репрезентативците за Романија ги испрати премиерот Зоран Заев.

Претходно среќа на репрезентативците им посака и првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини.

Дебитантот на Европските првенства, репрезентацијата на Македонија, два натпревари во рамките на Ц-групата ќе одигра во Букурешт, против Австрија (13.јуни) и Украина (17.јуни).

Последниот меч во групата, Македонија ќе го одигра во Амстердам против Холандија на 21.јуни.

> Фудбалерите отпатуваа за Букурешт – Македонија во недела ќе игра против Австрија <

Можете да прочитате

Бронза за Рустемовски по поразот во полуфиналето на ЕП во бокс

Алкараз се изјасни: Надал ми е идол, а Ѓоковиќ е најдобриот

13-годишната Зиди исплива второ најбрзо време во историјата