Двајца тинејџери се повредени откако се случи пукање во близина на училиште во градот Волжски, во регионот Волгоград во Русија, пренесуваат руските медиуми.
Момчињата на возраст од 15 и 16 години биле повредени на улицата во близина на училиштето.
Едното момче е рането во ногата, а другото во подлактицата, но нивната состојба не е загрижувачка. Тие биле пренесени во болница.
Засега според извештаите на медиумите, не се познати причините зошто дошло до пукање и кој го извршил истото.