Француското национално регулаторно тело за заштита на конкуренцијата му изрече казна од 220 милиони евра на технолошкиот гигант „Гугл“.
„ Регулаторното тело за конкуренција воведува санкции за „Гугл“ од 220 милиони евра за промовирање на своите услуги во секторот за рекламирање преку Интернет“, беше денеска објавено.
Надзорниот орган за заштита на конкуренцијата додаде дека покрај казната, има и обврски преземени од компанијата „Алфабет“, чија сопственост е „Гугл“, ветувајќи дека ќе им олесни на конкурентите да ги користат нејзините алатки за рекламирање преку Интернет, пренесува „Спутник“.
„ Одлуката за казнување на „Гугл“ е особено важна бидејќи таа е прва во светот што се занимава со сложени алгоритамски процеси што се користат за рекламирање преку Интернет“, изјави Изабел де Силва, која е на чело на Француското регулаторно тело.
Обврските на американската компанија, кои треба да важат три години, се дел од договорот постигнат со француското регулаторно тело.