Утрински Весник
Свет

ЕМА им укажува на лекарите да избегнуваат хепарин во третманот на згрутчување на крвта

Кинеските вакцини до одреден степен штитат од индискиот вид

Европската агенција за лекови (ЕМА) ја истакнува препораката до лекарите да избегнуваат хепарин при третман на ретки тромби и ниски тромбоцити кај пациенти кои примиле вакцина на „Астра зенека“ или на „Џонсон и Џонсон“.

Во изјавата која има за цел да ја зголеми свеста за правилен третман, европскиот регулатор на медицина се фокусира на препораката на Меѓународната институција за тромбоза и хемостаза, според кое се заклучува дека во случај на постоење сомневање за згрутчување на крвта поврзана со вакцините, третманот треба да се започне со нехепарински антикоагуланси.

„За да се справите со ваквите сомневања, особено ако нема локални препораки, работната група им препорачува на здравствените работници да ги земат предвид привремените препораки на меѓународната институција“, велат од ЕМА.

Препораката на ЕМА, која ги истакнува упатствата на ИСТХ, e во согласност со препораките на американската Администрација за храна и лекови (ФДА) и Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), кои издадоа силни предупредувања за употреба на хепарин во вакви случаи затоа што истите ја влошуваат состојбата.

Можете да прочитате

Трамп најави нови царини – стапуваат на сила на 1 август

Голем број земји ги предупредуваат своите граѓани за ризици од патување во САД

Над 20 повредени откако автобус „Фликсбус“ (Flixbus) се преврте во северна Германија