Утрински Весник
Македонија

МОН: Исплатени се ученичките и студентските стипендии за месец јуни

На 14 јуни започнуваат уписите во средните училишта

Министерството за образование и наука информира дека се исплатени средствата за ученички и студентски стипендии за месец јуни 2021 година.

„Сите корисници на стипендии кои ги доделува МОН за ученици од средните училишта, студенти запишани на додипломски студии на високообразовните установи во Република Северна Македонија, како и студенти запишани на некој од најдобрите светски универзитети согласно Шангајската ранг листа, на своите трансакциски сметки ја добија јунската стипендија“, велат од министерството.

Оваа практика на редовна месечна исплата на средствата за ученички и студентски стипендии која беше воспоставена на почетокот на 2021 година, ќе продолжи да се реализира и во следниот период, како мотив и поддршка на учениците и студентите во процесот на нивната едукација, најавија од МОН.

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”