Утрински Весник
Спорт

Фабрицио Романо: Конте е пред трансфер во Тотенхем

Фабрицио Романо: Конте е пред трансфер во Тотенхем
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Антонио Конте ќе биде новиот тренер на Тотенхем, тврди експертот за трансфери, новинарот Фабрицио Романо.

Конте, ја освои шампионската титулата со Интер во Серија А, а поради несигласувањата со челниците реши да си поднесе оставка.

Романо пишува дека во Тотенхем го очекува голем и амбициозен проект. Газдата на Тотенхем, Даниел Леви, му ветил дека ќе вложи пари во нови трансфери. Прв соработник на Конте би требало да му биде Фабио Паратичи, кој би станал спортски директор.

Антонио Конте, во Премиер лигата, го предводеше Челси од 2016 до 2018 година. Во 2017 година Конте со Челси ја освои титулата во Премиер лигата.

> Фабрицио Романо: Конте е пред трансфер во Тотенхем <

Можете да прочитате

Англија и Франција најскапи репрезентации на СП 2026

ФФМ поведува дисциплинска постапка против поранешниот претседател Муамед Сејдини

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028