Утрински Весник
Свет

Јапонија упати протест до Москва за запленетиот рибарски брод

Јапонија упати протест до Москва за запленетиот рибарски брод
Dik 300x250 mk

Јапонија протестираше до Москва во врска со запленувањето на јапонски рибарски брод минатата недела и побара итно ослободување на екипажот, објави денеска јапонскиот генерален секретар на Владата, Катсунобу Като.

Тој на прес-конференцијата прецизираше дека Токио преку дипломатски канали ѝ порачал на Москва дека инспекцијата и заплената на бродот и притворањето на 14 членови на екипажот се неприфатливи, пренесува Кјодо.

„ Според нашите информации, бродот пловел во ексклузивната економска зона на Јапонија. Протестиравме до Москва преку дипломатски канали и бараме итно ослободување на бродот и екипажот“, рече Като.

Руската безбедносна служба во регионот Сахалин соопшти дека јапонски брод бил запленет во Охотското Море по обид за бегство, а на бродот биле пронајдени ракови и други морски плодови.

Претходните извештаи наведоа дека бродот извршувал опасни маневри и дека претставувал закана за рускиот патролен брод, бидејќи за малку ќе дошло до судир.

Бродот е запленет и транспортиран до пристаништето Корсаков за понатамошна истрага.

Можете да прочитате

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа