Утрински Весник
Свет

Таблоид казнет поради прикривање на приказната за љубовницата на Трамп

Таблоид казнет поради прикривање на приказната за љубовницата на Трамп
Dik 300x250 mk

Издавачот на таблоидот обвинет за прикривање на приказната за наводната поранешна љубовница на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во 2016 година се согласи да плати казна за кршење на изборните закони во САД.

Трамп нема да биде казнет ниту, пак, ќе биде предмет на дополнителни истраги, пресуди Федералната изборна комисија (ФЕЦ), пренесува „Би-би-си“.

ФЕЦ откри дека парите уплатени на поранешната плејбој-манекенка Карен Мекдугал за време на претседателските избори претставуваат нелегален придонес во кампањата.

Издавачот „Нешнал енквајерер“ ќе плати казна од 187.500 американски долари.

Поранешниот претседател претходно негираше дека имал афера со Мекдугал.

Таа рече дека ја продала својата приказна на „Енквајерер“ за 150.000 долари и склучила договор со кој и е забрането јавно да зборува за наводната афера со Трамп од 2006 година.

Во пресудата на ФЕЦ се вели дека издавачот на „Енквајерер, „Американ медиа“, свесно и намерно ги прекршил изборните закони плаќајќи ја приказната на Мекдугал и никогаш не ја објавил во практиката позната како „фати и убиј“.

Можете да прочитате

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа