Утрински Весник
Свет

САД: Две деца пукаа во полицијата, едно девојче e рането

САД: Две деца пукаа во полицијата, едно девојче e рането

Двајца тинејџери во американската држава Флорида побегнале од дом за напуштени деца, упаднале во куќа, а потоа пукале кон полицијата која интервенирала на самото место, објавија властите.

12-годишно момче и 14-годишно девојче пронашле пиштол и пушка со поголема количина муниција во куќата каде упаднале во Флорида, и пукале кон полициските службеници кои интервенирале по пријава на минувачите, пренесува Ројтерс.

Во тој конфликт рането е девојчето кое пукало кон полицајците, а дванаесетгодишното момче го предало оружјето набргу потоа и не било повредено, соопшти полицијата.

Девојчето било оперирано и е во стабилна состојба, а ниту еден од полициските службеници не бил повреден во пукотниците.

Претходно истиот ден, девојчето и момчето избегале од Домот за деца без родители на Методистичката црква во Ентерпрајз во Флорида.

Можете да прочитате

Протест пред Амбасадата на САД во Хавана за укинување на ембаргото за нафта

Трамп ја разреши министерката за правда и државна обвинителка Бонди

Земјите од Персиски Залив бараат одобрување од ОН со сила да ја ослободат Ормуска Теснина за пловидба