Утрински Весник
Свет

Крвава предизборна кампања во Мексико, убиени 88 кандидати

Крвава предизборна кампања во Мексико, убиени 88 кандидати

Во Мексико на 6 јуни ќе се одржат парламентарни, регионални и локални избори, но наместо митинзите, нешто друго ја обележаа предизборната кампања. Досега во земјата се убиени 88 политичари.

„Денес е посебен ден“, рече возбудено Алма Бараган пред камерите. Со ова видео како кандидатка за градоначалник на Моролеон, град во центарот на Мексико, таа ги повика своите приврзаници на предизборен митинг. Тоа беше нејзиното последно видео во животот.

Нешто подоцна оваа шеесет и едногодишна политичарка лежеше на сцената – беше застрелана со неколку куршуми.

Бераган е 88. кандидат убиен во предизборната кампања.

Можете да прочитате

Најмалку 547 мртви во поплавите во Непал и Тибет

ОН: Речиси половина од анкетираните домаќинства во Газа се изјасниле дека си легнуваат гладни

17 починати и над 400 заразени од вирусот Западен Нил во Италија