Утрински Весник
Спорт

Шкотска се мачи со Ковид 19 – седум фудбалери ќе нема на дуелот со Холандија

Шкотска се мачи со Ковид 19 – седум фудбалери ќе нема на дуелот со Холандија

Седуммина фудбалери на фудбалската репрезентација на Шкотска не отпатуваа за денешниот пријателски натпревар против Холандија во португалскиот град Алгарве и тоа поради страв од зараза со коронавирусот откако играчот од средниот ред, Џон Флек беше позитивен на Ковид 19, објави „Sky Sports“.

Дејвид Маршал, Грент Хенли, Џон Мекгин, Че Адамс, Стефон О`Донел и Најтан Патерсон останаа во кампот во Шкотска за да не ризикуваат зараза пред ЕП кое започнува за 9 дена.

Фудбалскиот сојуз на Шкотска вчера информираше дека Флек е позитивен на вирусот, па е изолиран во базниот камп во Шпанија, во склад на сите шпански протоколи.

Селекторот Стив Кларк на вечерашниот тест против „лалињата“ на располагање ќе има 19 играчи.

Шкотска на ЕУРО е во групата Д со Хрватска, Англија и Чешка.

> Шкотска се мачи со Ковид 19 – седум фудбалери ќе нема на дуелот со Холандија <

Можете да прочитате

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари

Михајловски: Среќен сум што донесов медал за Македонија