Утрински Весник
Магазин

Небесен базен распнат меѓу облакодери, само за најхрабрите, но и за оние со длабок џеб

Небесен базен распнат меѓу облакодери, само за најхрабрите, но и за оние со длабок џеб
Dik 300x250 mk

Необичната атракција во лондонскиот резидентен кварт Најн Елмс е лебдење во проѕирна акрилна структура обесена 35 метри над улица. Искуството е навистина уникатно бидејќи луѓето се чувствуваат како да лебдат во воздухот над центарот на Лондон.

Небесен базен со стаклено дно, направен во стил на аквариум со должина од 25 метри, се простира помеѓу десеттите катови на два станбени облакодери во лондонскиот кварт Најн Елмс.

Само среќните жители на двете луксузни згради ќе можат да го користат таканаречениот Sky Pool. Тие уживаат во погледот на центарот на градот додека висат меѓу двa облакодери од по 10 ката. Базенот е дел од нивиот резидентен комплекс  „Ембаси Гарденс“, каде еден стан може да чини до 6 милиони долари.

Необичната атракција е лебдење во проѕирна акрилна структура обесена 35 метри над улицата во Лондон.

Sky Pool е прв базен во светот што лебди во воздух. Тој беше отворен на 19-ти мај.

Длабок е три метри и тежи околу 375 тони.

Oвa e најголем самостоeчка структура на базен во светот и претставува нов проект на луксузнит резидентен комплекс Embassy Gardens, во кој има и барови, ресторани и продавници.

Сместен е покрај американската амбасада близу јужниот брег на Темза. Оние среќници кои го користат небесниот базен, имаат прекрасен поглед на главниот град. Можат да ја набљудуваат лондонската панорама, вклучувајќи ги London Eye и Westminster.

Пристап до небесниот базен имаат само жителите на двете луксузни згради и нивните гости.

Можете да прочитате

Ако сте имале токсични родители, нема да ги паметите овие работи од вашето детство

Џонатан Бејли прогласен за „Најсексипилен маж на денешнината“ за 2025 година

Енергија, идеи и технологија: Startup Weekend Skopje 2025 – Fintech