Утрински Весник
Македонија

(Видео) Костадинов: Лага е дека Србија изградила Клинички центар како нашиот за далеку помала сума

(Видео) Костадинов: Лага е дека Србија изградила Клинички центар како нашиот за далеку помала сума

Тврдењата дека во соседна Србија се изградил ист Клинички центар за далеку помала сума се тешка лага и обид за манипулација на јавноста, изјави на денешната прес-конференција, портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

„Клиничкиот центар во Белград е само една зграда, кула изградена поодамна, која сега е затворена и опремена. Клиничкиот центар во Скопје е цел комплекс со придружни објекти и претставува цел медицински град“, порача партискиот портпарол додавајќи дека не држи тоа алиби на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Костадинов ова го нарече срамен обид да се спречи најголемата капиталната инвестиција во македонското здравство.

„Додека СДСМ и парламентарното мнозинство прават сѐ за да го унапредат квалитетот на живот, Мицкоски и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ бојкотираат, блокираат, ги кочат важните законски решенија. Но, граѓаните треба да знаат дека и со и без ВМРО-ДПМНЕ, државата ќе добие нов модерен Клинички центар кој ќе им пружи интегрирани здравствени услуги на сите“, истакна портпаролот на владејачката партија.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче сакале да му ја превземат болницата на Жан Митрев 

Левица: Имотот на газда Деко повреден од згаснатите млади животи во Кочани

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ прави јавен линч кон Филипче