Утрински Весник
Македонија

Скопјанец обвинет за лажна продажба на станови

Скопјанец обвинет за лажна продажба на станови

Скопското основно јавно обвинителство обвиниение против 41-годишен скопјанец поради сторено кривично дело – измама.

Обвинетиот во периодот од 6 мај 2020 година до 5 март годинава, во Скопје, со умисла извршил десет временски поврзани дејствија односно повеќекратно повторување на исто дело, со намера за себе да прибави противправна имотна корист.

Тој довел и држел во заблуда десет лица – оштетени, на кои лажно им прикажувал факти дека како агент за недвижности во своја Агенција за недвижности е овластен од име на сопствениците на станови да ги продава нивните станови на други лица. Обвинетиот ги огласувал становите и ги покажувал за продажба, со што ги навел оштетените да сторат штета на својот имот од поголема вредност.

Со четворица од оштетените, обвинетиот склучувал Договори за капар за станови во градба и наплатувал различни износи, но до Договори за купопродажба не дошло.

Со шестмина оштетени, обвинетиот склучувал Договори за капар и наплатувал различни износи за капарот, а потоа склучувал и Договори за купопродажба во кои без знаење на вистинските сопственици се потпишувал како „продавач“.​

Можете да прочитате

Хеликоптерот на МВР фрли над 40 тони вода врз пожарот во Дојран

Детето сместено во згрижувачко семејство, струмичкото обвинителство отвори истражна постапка за таткото од Ново Село

Деца државјани на Велика Британија го запалиле пожарот кај Стајковци