Утрински Весник
Македонија

Мајка на 10-месечно бебе е жената-донор која спаси три човечки животи

Мајка на 10-месечно бебе е жената-донор која спаси три човечки животи

Министерот за здравство, Венко Филипче, преку социјалните мрежи информираше дека остварил средба со семејството на починатата жена чии срце и бубрези беа донирани.

„Утрово се сретнав со семејството на 40-годишната Јасмина, жената донор на срце и бубрези, која спаси три човечки животи. Немам зборови со кои може да ја опишам големината и човечноста на семејството Василковски, кои во саботата во моменти на најголема болка, одлучи да ги донира нејзините органи. Јасмина беше мајка на 10-месечно бебе, посветена сопруга, добра сестра и снаа. Василковски се скромни луѓе, нивниот хуман и несебичен гест, никогаш нема да го заборавиме, остануваме поддршка и секогаш сме овде кога ќе треба да им се помогне“, напиша на социјалните мрежи министерот.

Филипче денеска изјави и дека состојбата на 39-годишната пациентка на која и беше трансплантирано срцето е во стабилна состојба и оти сите параметри се добри.

Третата трансплантација на срце во земјава беше извршена во неделата и истата траеше пет часа.

 

Можете да прочитате

Кривична пријава против 27 лица за лажните возачки дозволи

Мајка на две близначки со аутизам седи со нив на часови во училиште во Карпош затоа што МОН не обезбедило образовни асистенти

До 7:30 часот активни три пожари