Утрински Весник
Свет

Угостителските објекти во Србија ќе работат до полноќ

Србија – угостителските објекти може да примаат гости и во затворените делови
Dik 300x250 mk

Кризниот штаб на Србија одлучи од денеска работата на угостителските објекти да биде продолжена до полноќ, а во киосците може се купува како порано, од 00 до 24 часот.

Дека животот во Србија полека се враќа во нормала сведочи и продолженото работно време на киносалите, па последната проекција ќе биде во 23 часот.

Една од најважните одлуки се однесува на надоместот од 3.000 динари (1.500 денари) за вакцинирани лица, кој, како што одлучи Кризниот штаб, ќе можат да го добијат сите што ќе аплицираат за вакцинација денес до полноќ.

Во наредните денови ќе се донесе одлука за матурските прослави, како и правилата според кои тие би можеле да се одржат.

Можете да прочитате

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа