Утрински Весник
Македонија

Пристигнаа нови 11.700 дози од вакцините на „Фајзер“

ЕМА одлучува дали децата од 12 до 15 години ќе можат да се вакцинираат со „Фајзер“

Попладнево пристигнаа нови 11.700 дози од вакцината на производителот ,,Фајзер“, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.

Од нив, 7.020 се преку директни преговори со производителот, а 4.680 дози се од ЕУ што ги обезбедува како помош преку трилатерални договори во рамките на програмата „Тим Европа“ (Team Europe).  Оваа програма за поддршка во снабдувањето вакцини за Западен Балкан ја координира Австрија.

Министерот вели дека количините на вакцини постојано се дополнуваат,  и апелира сите граѓани да се пријават за вакцинација.

Претходно денеска, Филипче изјави дека останати се уште 5.000 вакцини за прва доза. Наскоро ќе пристигнат 70.000 вакцини од Грција и Бугарија, а најверојатно станува збор за „Астра зенека“. Вакцини на „Фајзер“ во Македонија се испорачуваат секој понеделник.

Можете да прочитате

Презентација на воена опрема, возила и способности на единиците на Армијата

Битиќи: Граѓаните ќе платат над 60 милиони евра само за камати од новото задолжување на Владата

Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот