Утрински Весник
Свет

Приведен главен уредник на белоруски портал

Приведен главен уредник на белоруски портал

Главниот уредник на порталот на белорускиот хродинa.лајф, Алексеј Шота е приведен во градот Гродно, соопшти денеска Здружението на белоруски новинари.

„ Шота беше уапсен на Гродно, а полицијата го уапси во близина на неговиот дом“, се вели во соопштението на Здружението, пренесено од ТАС С.

Шота претходно работеше за белорускиот портал tut.by.

Покрај него, приведени се и голем број вработени од неговата страница, но не е дадена причина за апсењето.

Во март, судот во Гродно го прогласи Шота за виновен за наводно ширење екстремистички материјал, за што тој плати парична казна.

Можете да прочитате

Братот на Орбан меѓу приведените, објави Маѓар; експремиерот обвинува за политичка пресметка

Зграда се запали во Кина, 14 лица загинаа

Пронајдени 12 мртви на брод со мигранти во близина на Крит