Утрински Весник
Спорт

Челси со предност од 1-0 на „Драгао“ – режија Маунт, главна улога Хаверц

Челси со предност од 1-0 на „Драгао“ – режија Маунт, главна улога Хаверц

Околу 16.000 гледачи на „Драгао“ во Порто и милионски аудиториум ширум светот следеа возбудливи 45 минути во првото полувреме од финалниот дуел во Лигата на шампионите. Најинтересниот момент се случи во 42 минута.

Феноменално додавање на Маунт, Хаверц и бега на одбраната на Сити, Едерсон е немоќен на 20-тина метри, 1-0 за Челси.

Ова се најинтересните моменти:

-7 минута – шанса за Стерлинг по една долга топка од Едерсон
-10 минута – Тимо Вернер промашува цела топка по додавањето на Хаверц
-14 минута – повторно две шанси за Вернер во еден ист напад
-27 минута – на асистенција на Де Брујне, Фоден има прилика за погодок, отстранува опасност Ридигер
-38 минута – Тијаго Силва е повреден и мора да оди надвор од игра, на негово место Кристенсен
-42 минута – Хаверц постигнува гол за водство на Челси од 1-0 по одличниот пас на Маунт од 50-тина метри.

Многу тактичко надмудрување меѓу Томас Тухел и Пеп Гвардиола.

Не очекува возбудливо второ полувреме.

> Челси со предност од 1-0 на „Драгао“ – режија Маунт, главна улога Хаверц <

Можете да прочитате

Верстапен реагира на условите и правилата на спринт трките во Ф1

Затворски казни до 12 години побарани за медицинскиот тим на Марадона

Вардар ја пречекува Висла во обид да дојде до првите бодови сезонава во ЛШ