Утрински Весник
Свет

Германија ќе ги вакцинира децата од 12 до 15 години

Германија ќе ги вакцинира децата од 12 до 15 години

Младите во Германија на возраст од 12 до 15 години ќе можат да се вакцинираат против коронавирус, е одлучено на состанокот на канцеларката Ангела Меркел со премиерите на федералните покраини.

Централна тема на состанокот беше напредокот на вакцинацијата во Германија.

„ Работиме со неверојатна енергија да ја спроведеме кампањата за вакцинација со најбрзо можно темпо, како во центрите за вакцинација, така и во лекарските ординации“ изјави Меркел, која нагласила дека тоа е важно, имајќи предвид дека „се бориме против постојано нови мутации, кои не можевме да ги предвидиме на почетокот на годината“.

Посебна тема на состанокот беше планот на Сојузниот министер за здравство, Јенс Спан (ЦДУ), за вакцинирање на деца и млади без одлагање до крајот на август.

Европската агенција за лекови (ЕМА) вчера ја одобри вакцината на Фајзер/Бионтек за деца на возраст од 12 до 15 години.

Сега, во Германија, вакцината мора да биде одобрена од националната „Постојана комисија за вакцинација“ (Стико), владино советодавно тело составено од 18 научници. Но, тие се уште го отежнуваат тоа, пренесуваат германските медиуми. Вакцинацијата на адолесценти постари од 16 години веќе е можна во Германија.

Како што се наведува, има уште време да се видат последните детали, бидејќи вакцинацијата на адолесцентите треба да започне на 7 јуни.

Во Германија, според владините податоци, има повеќе од пет милиони адолесценти на возраст од 12 до 18 години. Според тоа, Министерството за здравство проценува дека до крајот на август околу 3,2 милиони дози вакцини ќе бидат искористени за вакцинирање на деца на возраст од 12 до 15 години. Но, не сите родители ќе сакаат да ги вакцинираат своите деца. Владата очекува да има околу 60 проценти од оние кои сакаат да бидат вакцинирани. Меркел и Спан исто така истакнаа дека нема да има задолжителни вакцини.

Многу вирусолози тврдат дека се уште не е јасно како дејствува коронавирусот кај младите од оваа старосна група, како и тоа колку се тешки последиците на долг рок.

Можете да прочитате

Швајцарска олимпијка загина во лавина, 10 дена по нејзиниот роденден

Избувна пожар на Ајфеловата кула во Париз

Помеѓу осум и 16 отсто од населението на ЕУ се соочува со енергетска сиромаштија