Утрински Весник
Спорт

Звезда ја доби „мајсторката“ со Будуќност, по петти пат ја освои АБА лигата

Звезда ја доби „мајсторката“ со Будуќност, по петти пат ја освои АБА лигата

Црвена звезда по петти пат во последните шест години е шампион во регионалната АБА лига, откако во одлучувачкиот петти натпревар против црногорскиот ривал Будуќност на домашен терен стигна до 67:60 (15:14, 18:14, 20:21, 14:11) победа.

Во финалната серија со клубот од Подгорица, двата клуба не успеаја да ја искористат домашната предност, губејќи по еден домашен меч, но Звезда имаше предност што „мајсторката“ ја играше дома по најдобриот скор во регуларната сезона.

Одбраната на двата тима беше расположена од стартот на мечот, откако по 10 минути игра Звезда имаше само поен предност (15:14). Но, од втората четвртина „црвено-белите“ го контролираа резултатот и дојдоа до седум поени предност, која ја оддржуваа до крајот на мечот, не дозволувајќи Будуќност да влезе во серија.

Ленди Нкоко имаше 17 поени за победниците, Џордан Лојд додаде 15, додека кај Будуќност најефикасен беше Џастин Кобс со 21 поен.

> Звезда ја доби „мајсторката“ со Будуќност, по петти пат ја освои АБА лигата <

Можете да прочитате

МТКФ ги прогласи најдобрите каратисти за 2024

Ембиид казнет со 75.000 долари за непристојни гестови на натпреварот со Бостон

Жесток меч во Аризона, се степаа Нуркиќ и Маршал