Утрински Весник
Македонија

Пожар во гаража во зграда во Охрид, седум лица пренесени во болница

Пожар во гаража во зграда во Охрид, седум лица пренесени во болница

Седум лица се пренесени во болница по пожар што настанал во гаража во зграда во Охрид. Според информациите на полицијата, гореле три автомобили.

Пожарот се случил синоќа во 12.30 часот по полноќ. Во полиција било пријавено дека настанал пожар во три патнички моторни возила во подрумски простории од зграда на улицата Новопроектирана во Охрид.

Според пријавеното, станарите биле евакуирани, а шест од нив и еден пожарникар, поради задушување од чад, се пренесени во Медицинскиот центар Охрид за укажување лекарска помош.

Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид.

Можете да прочитате

За 500 евра „Македониум“ отстапен за спот на косовскиот рапер Дон Џони

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија” поради техничката хаварија

Со нож прободено 16-годишно момче во Кумановско, итно пренесено на клиниките во Скопје