Утрински Весник
Политички Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката на комисијата за случајот со родилката Веаповска мириса на политика

ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката на комисијата за случајот со родилката Веаповска мириса на политика

Одлуката на Комисијата на Филипче и претходниот обид за забошотување на случајот со родилката Веаповска мирисаат на политика, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Вчера медиумите објавија скандалозна вест дека после неколку месеци Комисијата која ја формираше министерот Филипче за случајот со родилката Веаповска на која после породувањето и биле отстранети три органи, нема пропусти, односно Комисијата не констатира недостатоци, неправилности или пропусти во здравствената установа. Замислете единствена грешка која ја востановила Комисијата после неколку месеци било дека само погрешно бил евидентиран полот на плодот на родилката“, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ова е срам за целата лекарска фела и срам за државата.

„Родилка останала без три органи, матка, јајник и бубрег, а Комисијата не гледа никаква вина во постапката на лекување и третирање на пациентот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека случајот на родилката од Дебар се заташкува низ институционалните лавиринти речиси една година.

„Институциите со месеци играа пинг – понг и ја префрлаа одговорноста, за после притисокот на јавноста се пристапи кон формирање на Комисија која гледаме каква скандалозна одлука донела. Ова отвора сомнеж дека и последната одлука на комисијата на Филипче и претходните обиди за прикривање и забошотување на делото имаат политичка позадина. Со ова Филипче директно си зеде улога на прикривач на вистината за случајот со родилката од Дебар Јилдиз Веаповска“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт