Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Американските разузнавачки агенции имаат три теории за потеклото на Ковид-19

Американските разузнавачки агенции имаат три теории за потеклото на Ковид-19
Dik 300x250 mk

Американската разузнавачка заедница денес призна дека нејзините агенции имаат две теории за потеклото на Ковид-19, наведувајќи дека две агенции веруваат дека се појавил по природен пат, т.е. преку човечки контакт со заразени животни, додека трета ја прифаќа теоријата за лабораториска несреќа како причина за глобална пандемија.

„Американската разузнавачка заедница не знае точно каде, кога и како првично бил пренесен вирусот Ковид-19, но се обедини околу две можни сценарија“, наведува канцеларијата на директорот на Националната разузнавачка служба.
Повеќето агенции веруваат дека нема доволно информации за да може да се направи процена дека едно сценарио е поверојатно од друго, додаваат од канцеларијата.

Во соопштението не е прецизирано кои две од 17 агенции што ја сочинуваат американската разузнавачка заедница веруваат дека вирусот потекнува од заразени животни, а кои веруваат во теоријата за несреќата во лабораторијата, пренесува „Ројтерс“.

Можете да прочитате

Земјотрес со јачина од 6,7 степени ја погоди Индонезија

ЕУ подготвува план за војна со Русија, протекоа детали, доаѓа „ѕид од дронови“

Во Милано убиена манекенка, партнерот ја прободел дури 24 пати