Утрински Весник
Свет

Песков: Путин ќе разговара со Лукашенко и за уапсената девојка на Проташевич

Песков: Путин ќе разговара со Лукашенко и за уапсената девојка на Проташевич
Dik 300x250 mk

Рускиот претседател Владимир Путин утре во разговор со неговиот белоруски колега Александар Лукашенко ќе го покрене прашањето за руската државјанка Софија Сапега, партнерка на белорускиот опозиционер Роман Проташевич, кој беше уапсен во Минск со него, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој изрази уверување дека Лукашенко ќе го извести Путин за инцидентот кога авионот на „Рајанер“ беше пренасочен и принуден да слета во Минск, по што беа уапсени Проташевич и Сапега, пренесува ТАСС.

„Веројатно е да се постави прашањето за руската државјанка која е во притвор “, рече Песков.

Песков претходно изјави дека средбата меѓу Путин и Лукашенко е планирана пред инцидентот со авионот на „Рајанер“, кој слета во Минск поради наводна закана со бомба.

Меѓу патниците бил и Роман Проташевич, еден од основачите на каналот „Некст телеграм“, кој во Белорусија се смета за екстремист и кој бил приведен во Минск по слетувањето на авионот.

Поради овој настан, лидерите на ЕУ најавија нови санкции против Белорусија.

Можете да прочитате

ОН доставија над 24.000 тони хуманитарна помош во Газа од почетокот на прекинот на огнот

Мерц и Ердоган со спротивставени ставови за војната во Газа

Над 130 убиени лица во полициска акција во Бразил