Утрински Весник
Македонија

152 сообраќајни прекршоци во Скопје

Казни за 103 возачи во Скопје, возеле над дозволената брзина

По засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, од МВР известуваат дека во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје биле изречени вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење над дозволената брзина 28 санкции, осум за возење без возачка дозвола, 21 казна за прекршоци што го направиле возачите на мотоцикли.

Биле изречени и 12 казни за користење мобилен телефон, седум за некористење сигурносен појас, девет за непочитување на првенство на минување, седум за минување на црвено светло и 42 санкции за непрописно паркирани возила.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, известува министерството за внатрешни работи.

Можете да прочитате

Ужас во Штип: Мртво новороденче донесено во болницата

„Реплек“ со прв извоз во ЕУ по 10 години производство на производи од медицински канабис

Казни од 250 евра за родители чии деца вршат насилство