Утрински Весник
Свет

Лукашенко: Бајден прво нека ја најде Белорусија на мапа, па нека зборува за нашите проблеми

Лукашенко: Бајден прво нека ја најде Белорусија на мапа, па нека зборува за нашите проблеми
Dik 300x250 mk

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, го покани американскиот претседател, Џо Бајден, да дојде во Минск, ако навистина сака да зборува за проблемите на Белорусија, за што претходно се заложи Белата куќа.

Лукашенко ја упати поканата за време на разговорите со пратениците и претставниците на владините агенции, одговарајќи на прашањето дали Белорусија може да биде тема на претстојната средба меѓу Бајден и рускиот претседател Владимир Путин во Женева, на 16 јуни.

„Би сакал да упатам јавна покана: ако сакаат да зборуваат за Белорусија, можат да нè посетат. Ќи ги дочекам како што треба. Ќе разговараме за сите прашања. Дури и ќе ги слушнам сите тие грди работи што (портпаролката на Белата куќа Џен) Псаки ќе ги напише да ми ги прочита. Тоа ќе биде отворен разговор“, рече Лукашенко.

Тој, сепак, додаде дека е смешно од Швајцарија да се држат лекции за проблемите на Белорусија, пренесува ТАСС.

„Добро, нека зборуваат за Белорусија. Јас и Путин ќе разговараме за Америка во петок. Иако, не знам што може да каже Бајден за Белорусија, Путин веќе ја знае темата“, рече Лукашенко, предлагајќи на Бајден претходно да му дадат мапа за да види каде се наоѓа Белорусија.

„Апсолутно не ја знаат ситуацијата“, рече Лукашенко.

Можете да прочитате

Турција издаде налог за апсење на израелскиот премиер Нетанјаху и други поради геноцид во Газа

Американскиот притисок го спречи договорот: „Гунвор“ ја повлече понудата за купување на „Лукоил“

Средба на Трамп со лидерите на Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан