Утрински Весник
Свет

(Видео) Најмалку деветмина мртви во пукање на железнички терминал во Калифорнија

(Видео) Повеќе лица убиени во пукање во Калифорнија, напаѓачот е мртов

Најмалку осум лица загинаа во вооружен напад што се случи во калифорнискиот град Сан Хозе, објави канцеларијата на тамошниот заменик-шериф, а пренесува „Гласот на Америка“.

Осомничениот напаѓач, кој исто така загинал, бил вработен во градското транспортно претпријатие – ВТА, изјави Расел Дејвис, заменик-шериф на округот Санта Клара.

Дејвис не бил во можност да го објасни начинот на кој бил ликвидиран осомничениот напаѓач.

Белата куќа ја следи состојбата во градот Сан Хозе во Калифорнија, каде што вооружен напаѓач отворил оган врз луѓето во депото на железницата, изјави портпаролката Карин Жан Пјер.

Нападот се случил рано наутро по локално време кога осомничениот отворил оган во областа на магацинот на железницата во тој град, под раковoдство на Управата за транспорт на Санта Клара.

„Се наоѓаме во многу мрачен момент. Ќе сториме сè за да не се повтори вакво нешто во нашиот град“, изјави за медиумите градоначалникот на Сан Хозе, Сем Ликардо.

Сан Хозе, град со околу милион жители, се наоѓа во срцето на Силиконската долина, која важи за глобален центар за технолошки иновации и е дом на некои од најголемите американски технолошки компании.

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња