Утрински Весник
Македонија

Заев на средба со германскиот министер Рот: Преку зрели политики на меѓусебно почитување, напредок е можен

Заев на средба со германскиот министер Рот: Преку зрели политики на меѓусебно почитување, напредок е можен
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Како што информираат од владината прес-служба, на средбата била поздравена конструктивната улога на Северна Македонија во регионалната политика и била изразена надеж дека преку зрели политики на меѓусебно почитување, напредок е можен.

Министерот Рот истакнал дека Германија целосно го поддржува предлогот на португалското претседателство, за решавање на отворените прашања со Бугарија.

Заев му се заблагодарил на министерот Рот за сите напори на германското претседателство со ЕУ во својот мандат, но и за сегашните напори, чијашто цел е одржување на првата меѓувладина конференција во рамките на португалското претседателство.

„Северна Македонија е редок европски пример како низ соживот и јакнење на демократските капацитети, а притоа решавајќи ги и отворените прашања со соседите, прави темелни реформи за доброто на граѓаните и на нашата држава, но и во поширок контекст за граѓаните на Западен Балкан. Ќе продолжиме со конструктивните политики, со почитување и унапредување на односите со нашите соседи“, нагласил Заев.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДСM се исплашени зошто се дозна дека лажат за мигранти, Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ не е неуставна

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

АХВ со 262 вонредни контроли на новогодишни пакетчиња: утврдени само минимални недоследности