Утрински Весник
Магазин

Метју Пери објаснува зошто „Пријатели“ стекнува фанови 25 години подоцна

(Видео) Специјалната епизода на „Пријатели“ ќе се емитува на 27 мај

Кога беше премиерно прикажана на Ен-би-си во 1994 година, „Пријатели“ веднаш пронајде врска со фановите и критичарите благодарение на паметното сценарио и хемијата на актерската екипа. Таа врска сè уште трае повеќе од 25 години подоцна, без разлика дали станува збор за фанови кои повторно ги гледаат своите омилени епизоди или за нови генерации кои ги откриваат авантурите на Фиби, Моника, Рос, Рејчел, Џои и Чендлер.

Во интервју за „Пипл“, во кое актерите од култната серија се навраќаат на времето на 10-годишната продукција, неколку дена пред двочасовната специјална средба на „Ејч-би-о макс“, sвездата Метју Пери објаснува зошто серијата станала толку популарна и зошто му одолела на времето, дури и во услови кога ТВ-пејзажот постојано се менува и расте.

„Беше смешно благодарение на ликовите, нивниот карактер, а не самото време“, рече тој за „Пипл“ и додаде: Тие не правеа шеги кои беа смешни само во тоа време . Тие не правеа шеги за О.Џи. Симпсон. Тие се шегуваа на основа на карактерот на луѓето, и затоа луѓето ќе се враќаат и повторно ќе гледаат.

Средбата на шесте пријатели ќе биде втора нивна дружба по финалето на серијата во 2004 година.

Средбата или специјалната епизода со наслов Friends: Reunion Special ќе се емитува на 27-ми мај на „ХБО макс“.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста