Утрински Весник
Политички Партии

Алијанса за Албанците и Алтернатива: Со бесплатната патарина за српските туристи, Владата ги дискриминира другите соседи

Државата ќе даде 2,9 милиони евра за картичките за бесплатната патарина за српските туристи

Владата СДСМ-ДУИ вчера донесе скандалозна одлука која ги дискриминира не само граѓаните на соседните земји, но и своите граѓани само со фаворизирање на една соседна држава, реагира коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, по одлуката за бесплатна патарина за време на летната сезона за српските државјани.

„Со одлуката за доделување на 200.000 картички за ослободување од наплата на патарина за туристите од Србија, Владата ги дискриминира сите други соседи од кои земјава има исто така придобивки, соработка и добрососедски односи. За овие картички Министерството за финансии ќе троши речиси 3 милиони евра, пари на наши сограѓани, кои сега треба да ја платат цената на милоста на Србија, која дојде како последица на неспособноста на Владата и Министерството за Здравство за обезбедување на вакцини против Ковид-19“, се наведува во соопштението.

Од друга страна, велат од Кооалицијата, жители на селата од околината на автопатиштата се должни секој ден да платат за пократки далечини при поврзување со градот.

„Ја повикуваме Владата, под итно да ја промени одлуката. Како прво треба да се најде трајно решение за локалните жители кои плаќаат иако не го користат автопатот. За време на туристичката сезона, од наплата на патарини да се ослободат граѓаните од сите соседни држави, ако крајна дестинација им се нашите туристички центри, но не и оние кои само транзитираат за да одат во трета земја“, бараат Алијанса за Албанците и Алтернатива.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт