Утрински Весник
Магазин
Img 7972

Џенифер Лопез медитира, а Бен Афлек кулира на нивниот балкон

Џенифер Лопез медитира, а Бен Афлек кулира на нивниот балкон
Img 7972

Џенифер Лопез беше олицетворение на здравје и витална енергија во вторникот кога беше забележана како ужива во медитација на брегот на Мајами.

Џеј Ло, фитнес-фанатик, е блажено смирена пред приватната резиденција што моментно ја дели со Бен Афлек кого претходно папараците го уловија како пуши цигара на нивниот балкон.

Џенифер (51) изгледа свежо како маргаритка, а небричениот Бен (48) ужива на балкон облечен во маица со натпис „Верувај во Бостон“ и удобни долни тренирки.

Џенифер – која е позната по својата посветеност на здрава исхрана и режим на вежбање – носи бел комбинезон додека прави серија истегнувања.

Таблоидите, цитирајќи локални очевидци, објавија дека Бен и Џенифер биле забележани во сала за вежбање како се бакнуваат, супер разиграни еден со друг.

Можете да прочитате

Зошто нема Нобелова награда за математика?

Ќе ја исполнам последната желба на Панчо

Внуката на Панчо му посвети емотивна порака и ги расплака сите (ФОТО)