Утрински Весник
Свет

Црна Гора ја следи политиката на ЕУ, ѝ воведува санкции на Белорусија

Црна Гора ќе се приклучи на рестриктивните мерки на ЕУ против Белорусија, рече црногорскиот министер за надворешни работи Ѓорѓе Радуловиќ.

На прашањето дали Црна Гора ќе се приклучи на санкциите на ЕУ против Белорусија и колку тоа може да влијае на туристичката сезона, Радуловиќ рече дека надворешнополитичките приоритети се јасни и дека тоа е европска интеграција на земјата, добра регионална соработка и кредибилно членство во НАТО.

Тој рече дека Црна Гора наскоро ќе добие покана да се приклучи на ограничувачките мерки.

„Кога ќе дојде поканата за приклучување кон рестриктивните мерки, Црна Гора ќе се приклучи и ќе продолжи да има 100 процени усогласување со заедничката надворешна политика“, рече Радуловиќ.

Текстот Црна Гора ја следи политиката на ЕУ, ѝ воведува санкции на Белорусија е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Уште една европска земја воведува туристички такси

Путин: Ако Киев стане нуклеарна сила, Русија ќе го употреби целото свое оружје против Украина

Во Велика Британија почна судски процес против тројца Бугари обвинети за шпионажа за Русија