Утрински Весник
Македонија

Во Македонија 46 нови случаи на коронавирус, починаа 14 лица

Во Македонија 198 нови случаи на коронавирус, 12 лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 46 нови случаи на коронавирус, 14 лица починаа, а 147 оздравеа, соопшти Министерството за здравство.

Во последните 24 часа се направени 3.073 тестирања, а регистрирани се 46 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 19, Радовиш – 5, Прилеп и Кичево – по 4, Куманово – 3, Струмица, Битола и Гостивар – по 2, Неготино, Охрид, Струга, Гевгелија и Берово – по 1.

Пријавени се вкупно 14 починати лица: 8 лица од Скопје (56г,61г,69г,70г,71г,79г,79г и 85г), по 2 лица од Гостивар (62г и 70г) и Кичево (59г и 83г) и по едно лице од Куманово (84г) и Тетово (60г).

Од пријавените, 6 лица се починати во домашни, а останатите 8 во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 782.654 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.117, бројката на оздравени пациенти е 147.190, на починати е 5.356, а бројот на активни случаи изнесува 2.571.

Можете да прочитате

Приведен 65-годишен маж од Свети Николе по семејна расправија и закани

АА-Села: Министерот за правда да поднесе оставка, правосудниот испит да се одржи на албански јазик 

Албански државјанин приведен кај Гевгелија поради превоз на мигранти